Сериозна сообраќајна незгода се случи предмалку на скопската обиколница, непосредно пред исклучувањето за Приштина. Камион се превртел на патот, што предизвика отежнато одвивање на сообраќајот на оваа делница.

ФОТО: Инфо сообраќај

Екипи на Министерството за внатрешни работи веќе пристигнаа на местото на настанот и вршат увид.

Во овој момент, сè уште нема официјални информации за причините кои довеле до превртувањето на тешкото возило, ниту дали има повредени лица во несреќата.

Exit mobile version