УХМР ги измери температурите до осум часот на територијата на Македонија. Најниска температура има на Попова Шапка, 12 степени, додека најтопло е во Гевгелија со 23 степени утринава.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а попладне на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 28 и 34 степени Целзиусови.


