МВР соопшти дека е лишено од слобода лице од Скопје кој признал две разбојништва во филијали за брзи кредити, поднесена му е кривична пријава и определен му е притвор.

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.
Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.