Close Menu
    Најново

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени

    30.12.2025 во 21:03

    Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината

    30.12.2025 во 20:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
    • Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени
    • Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината
    • Зеленски: Водиме разговори со Трамп за можни американски трупи во Украина
    • Рама најави: Албанија почнува да произведува оклопни возила и борбени дронови
    • Пукање во Будва: едно лице загина, градот под засилени безбедносни мерки
    • Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
    • Рации во 21 провинција: Турските власти уапсија 357 лица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » (ФОТО) Претрес во автобус на Меѓуградската автобуска станица Скопје: Возачот криел цигари и парфеми во фиоки, под седишта и во просторот за одмор на возачите

    (ФОТО) Претрес во автобус на Меѓуградската автобуска станица Скопје: Возачот криел цигари и парфеми во фиоки, под седишта и во просторот за одмор на возачите

    25.09.2025 во 12:51
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    40 штеки цигари, 5 грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри алкохолни пијалоци и разна друга стока е запленета во текот на изминатите денови, во случаи на откриени прекршочни дела, при што против сторителите е спроведена соодветна постапка, соопшти Царинската Управа.

    „Најголем дел од случаите се откриени од мобилните тимови кои при контроли извршени на граничните премини и во внатрешноста на државата открија и спречија повеќе прекршочни дела:

    • 40 штеки цигари и 17 парфеми, се откриени на Меѓуградската автобуска станица при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Истанбул-Гостивар, извршена на Меѓуградската автобуска станица Скопје. Непријавените производи биле пронајдени на повеќе места во внатрешноста на автобусот – фиоката над возачот, позади возачкото седиште, во фиоката над предните скали, под и на претпоследните седишта и во просторот за одмор на возачите.
    • Пет грама опојна дрога марихуана е откриена при контрола на патнички кампер со швајцарски регистарски таблички со кој француски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце.
    • При претрес на возач на автобус на граничниот премин Табановце, откриени се непријавени 9.500 евра. На лицето, македонски државјанин, согласно законските прописи му се вратени две илјади евра, а останатите 7.500 евра се запленети.
    • Во друг случај на граничниот премин Табановце, мобилен тим при контрола на камион со скенер, откри разна стока која не била пријавена меѓу која и опрема за уредување на домот. 
    • При контрола на минибус на влез во државата на граничниот премин Блаце се откриени дури 2.700 ќесички со суплементи Arabesca Genitals и Arabesca Slim Mix, кои биле скриени на различни места во возилото. Возачот на минибусот, изјавил дека пронајдената стока е пратка која требало да ја достави на лице во Скопје.
    • Вкупно 600 пакувања со вештачки трепки, се пронајдени при контрола на патните торби на италијанска државјанка кој допатувала на Меѓународниот аеродром Скопје со лет од Рим.
    • При контрола на стока со потекло од Турција наменета за  фирма од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4 се запленети 120 пара чорапи со ознаки на заштитена трговска марка поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

    Во други случаи царински службеници на граничните премини Дојран и Табановце, открија прекршочни дела при што запленети се употребувана пумпа, 35 литри алкохолни пијалоци, 117 парчиња облека, како и разна друга стока“, стои во соопштението од Царинската Управа. 

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.