Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Позната актерка почина на 44 години, зад себе остави 11-годишен син

    ФОТО: Позната актерка почина на 44 години, зад себе остави 11-годишен син

    09.07.2026 во 09:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Познатата ирска актерка Слејн Кели, која публиката најмногу ја сакаше по улогата во популарната телевизиска серија „Тјудори“, почина на 44-годишна возраст по тешка борба со болест.

    Актерката, родена во 1982 година во Даблин, починала во саботата, мирно во својот дом, опкружена со оние кои најмногу ја сакале – нејзиното семејство. Нејзиниот близок пријател Педи Кортни се огласи на социјалните мрежи по повод трагичната загуба, откривајќи ја причината за смртта со потресни зборови: „Ракот ѝ го одзеде животот“.

    Слејн зад себе остави неутешно семејство – родителите Мерион и Џо, братот Дара, снаата Мегс и внуката Елиза. Особено потресна е веста дека зад себе го оставила и нејзиниот 11-годишен син Нокс, нејзиното единствено дете.

    Многумина ќе ја паметат по извонредната улога на Џејн Хауард во серијата на Би-Би-Си „Тјудори“, каде што глумеше заедно со познатиот актер Џонатан Рис Мајерс. Таа беше препознатливо лице и од рекламата за чај на компанијата „Barry’s Tea“.

    Покрај актерскиот талент, Слејн се реализираше и како филмска продуцентка. Работеше на реализацијата на романтичниот филм „The O’Brien’s“ од 2013 година, во кој истовремено имаше и една од главните улоги.

    Сепак, нејзиниот живот не бил поврзан само со светот на филмот. Слејн имала големо срце и огромна љубов кон животните, што ја поттикнало да ја основа градската фарма „St Anne’s City Farm“. Оваа заедничка фарма, која и денес функционира како работен и едукативен центар, останува како траен спомен на нејзината хуманитарна работа и благороден дух.

    Во официјалното соопштение за смртта, со кое семејството се прости од саканата ќерка, мајка и сестра, било наведено дека Слејн неизмерно ќе им недостасува на сите кои ја познавале и ја сакале, а дека засекогаш ќе остане запаметена по својата работа и својот дух.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.