Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане денеска спроведе несекојдневна интервенција, спасувајќи животно.

Во 10:00 часот, вработени во основното училиште во село Младо Нагоричане (маало Ѓорговци) повикале помош откако забележале куче паднато во длабока шахта.

ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари.

Акцијата за спасување била успешно завршена до 11:00 часот.

Exit mobile version