Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на скопскиот аеродром го пречека претседателот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија на покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Во рамки на посетата, претседателот Милатовиќ ќе оствари низа билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на двостраната соработка со акцент на економски развој, регионална стабилност и европска интеграција.
Од Министерството истакнуваат дека посетата ја потврдува силната и пријателска врска меѓу двете земји и ја одразува заедничката посветеност на унапредување на регионалната соработка и европската перспектива.

