Македонскиот пејач Спасен Силјановски, го загуби својот татко, па ја сподели веста на Фејсбук.
-Денес Бог ми го зеде најдобриот другар.Човекот кој што ме научи се во животот. Човекот кој пред се ме научи што значи Чест, Морал и Достоинство. ТАТИЧКО незнам дали уште еднаш ќе можам да запеам песна како што тоа го правевме заедно. Ќе ми фали твојот глас, твојата поддршка, твојата љубов. Почивај во мир, напиша пејачот на 16. март.
Два дена по трагедијата, тој објави фотографија со скршено срце на својот Инстаграм профил и напиша „Непребол”.

Според информациите што ги сподели пејачот, погребот се одржа на 16 март, во селото Пополжани во 12:00 часот.

