ФОТО: Македонската пејачка отиде трудна во Охрид и доби одмор од соништата - се породи и стана мајка

Македонската пејачка Девана Ѓорѓиевска, попозната како Девана Нардели стана мајка.

Taa своите фанови на Фејсбук ги извести дека добила ќерка и ја крстила Лада.

Интересно е тоа што таа во деветиот месец од бременоста отишла на одмор во Охрид и токму и таму се породила.

-24 часа по овие факман-трудноохридски слики, 24 часа по одлуката со стомак до заби да не одиш со кајче релација Биљанини – Канео – Биљанини, туку да се размрдаш пеш и 24 часа по јадење кубанска телетина и ориз, свеж лук со сол, чоколадна торта со пина-колада (еднаш неделно дозволено во бременост, добиваш поклон во форма на мало човече, кое не го покажувам се уште, суеверие, 40 дена да пројдат - напиша пејачката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа