Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брат ми дојде кај мене дома ме нападна и ми се закани – млад кавадарчанец заврши во полиција
    • Тешко повреден 24-годишник, возел мотоцикл во дворот по што изгубил контрола и паднал
    • Скопјанец измамен за над 330 илјади денари: Договорил изградба на куќа, па останал без пари и без контакт со изведувачот
    • „Внук ми ме натепа“ – Загрижен скопјанец се јавил во полиција
    • Детали за земјотресот кој вечерва ја стресе Македонија – познат епицентарот
    • Земјотрес ја погоди Македонија
    • Мицкоски оствари средба со Вучиќ: Акцент на регионалната стабилност и европската перспектива
    • Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: “Кога не се чувствуваш баш добро, а мора…”- Последната објава на починатиот Виктор од Прилеп

    ФОТО: “Кога не се чувствуваш баш добро, а мора…”- Последната објава на починатиот Виктор од Прилеп

    18.02.2026 во 08:34Updated:18.02.2026 во 08:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Викендов се трагаше по 39-годишниот Виктор Илиоски од Прилеп, а потрагата за жал заврши со тажен крај. Прилепчанецот кој беше пријавен за исчезнат, беше пронајден починат, а роднини и пријатели се простуваа од него на социјалните мрежи.


    Претходно МВР информираше дека на 15 февруари 2026 година во 16:15 часот во ОВР Прилеп, Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син В.И. (39).
    Семејството објави апел за помош велејќи дека на Виктор му се губи секаква трага. Неговата мајка Роза напиша дека пат бил виден околу 14 часот во саботата и дека носел тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.

    За жал, по дводневната потрага, мајката на Виктор објави посмртна објава со која официјално информира дека тој ненадејно починал на 16 февруари 2026 година во 16 часот.

    Инаку, на социјалната мрежа Фејсбук, последната објава на прилепчанецот е од 23 јануари годинава. Тој напишал “Кога не се чуствуваш баш добро, а мора…” објавувајќи своја селфи фотографија.

    Погребот се изврши вчера на Новите градски гробишта во Прилеп. Телото беше изложено во капелата од 12:00 до 13:00 часот, а Виктор зад себе остави мајка, татко, брат и ќерка.

    – „Денеска (16.02.2026) во 16:00 часот во СВР Битола пријавено е дека во кругот на ГОБ Прилеп пронајден бил В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот. Лицето на 15.02.2026 година било пријавено за исчезнато лице. Од Итна медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител по чија наредба телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Брат ми дојде кај мене дома ме нападна и ми се закани – млад кавадарчанец заврши во полиција

    24.09.2026 во 23:13

    Тешко повреден 24-годишник, возел мотоцикл во дворот по што изгубил контрола и паднал

    24.09.2026 во 23:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.