Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
    • Подгответе се за вистинска есен – температурите ќе опаднат за неколку степени
    • (ВИДЕО) Брза реакција на полицијата: Казнет возачот кој со автомобил се движел по пешачка патека покрај реката Вардар
    • Полициска интервенција во скопски Аеродром: Уапсен маж по тепачка во казино и напад врз службени лица
    • Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Кејот на Вардар во Маџир Маало доби нов лик: Ѓорѓиевски и Ристовски ги пуштија во употреба обновените спортски терени

    (ФОТО) Кејот на Вардар во Маџир Маало доби нов лик: Ѓорѓиевски и Ристовски ги пуштија во употреба обновените спортски терени

    18.04.2026 во 13:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кејот на Вардар во Маџир Маало доби нов лик!, соопшти градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

    Денес Ѓорѓиевски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги пуштија во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, место кое повторно се враќа на граѓаните како центар на рекреацијата, спортот и дружење.

    Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети, истакна Ѓорѓиевски.

    „Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење и уредување, со цел реката повторно да тече во своето природно, достоинствено корито, а просторот околу неа да стане вистинска урбана вредност.

    Денес, овој дел од градот добива нова димензија – функционален, модерен и динамичен јавен простор, отворен за сите генерации.

    Реконструирани се терените за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда.

    Инвестирањето во спортот значи инвестирање во иднината, во здрави млади генерации, во дисциплина, дух на победа и во силно општество“, посочи Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски упати искрена благодарност до министерот Борко Ристовски за поддршката и партнерскиот пристап.

    „Ваквата соработка носи конкретни резултати и создава проекти со вистинска вредност за граѓаните.

    Ова е само почетокот.

    Преку рамномерен развој во сите општини создаваме еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее“, нагласи Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.