Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Имаше само 36 години – Последната објава на славната актерка денови пред смртта ги растажи фановите

    ФОТО: Имаше само 36 години – Последната објава на славната актерка денови пред смртта ги растажи фановите

    18.08.2026 во 08:42Updated:18.08.2026 во 08:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американската актерка Хајден Панетиерер, позната по улогите во сериите „Херои“ и „Нешвил“, почина на 36-годишна возраст. Нејзината последна објава на Инстаграм беше објавена само 21 ден пред нејзината смрт. Нејзината смрт ја потврди семејството на 16 август 2026 година.

    На последната фотографија Панетиерер позира со својот пријател и фотограф Рандал Славин. На црно-белата фотографија двајцата се насмеани, а актерката намигнува кон камерата. Во описот напишала: „Добри времиња и добри пријатели“.

    Објавата собра околу 40.000 лајкови од нејзините повеќе од милион следбеници. По веста за нејзината смрт, Славин објави фотографија на својот Инстаграм профил со порака: „Почивај во мир, Х“, по што бројни обожаватели оставија пораки со сочувство.

    Извори за порталот TMZ изјавиле дека актерката во месеците пред смртта се жалела на болки во грбот. Нејзиниот татко Скип ја потврдил трагичната вест. Семејството не го соопшти ниту причината, ниту местото на смртта, а властите ја истражуваат околноста во која таа починала.

    Панетиер е родена во Њујорк, а на телевизија првпат се појавила како 11-месечно бебе, кога нејзината мајка ја однела на снимање на неколку телевизиски реклами. Првата актерска улога ја добила на само четири години, во американската сапуница „One Life to Live“. Таа продолжила да работи во телевизијата и филмот во текот на целиот живот.

    Од 2006 до 2010 година, Панетиерер глумеше во 73 епизоди од наградуваната серија „Херои“, каде што ја играше навивачката Клер Бенет. Подоцна доби две номинации за Златен глобус за улогата на Џулиет Барнс во серијата „Нешвил“, во која настапуваше во 128 епизоди од 2012 до 2018 година.

    Панетиерер беше позната и по улогата во филмската франшиза „Врисок“, како и по филмовите „Remember the Titans“ и „Raising Helen“. Нејзината кариера започна уште во детството, а со текот на годините стана едно од препознатливите лица на американската телевизија.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.