ФОТО: Гранде Пандев испратен со громогласен аплауз- овации и од Весли Снајдер

 

Емоции, солзи… на стадионот во Амстердам

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев во 68-та минута го напушти теренот и се збогуваше со националниот дрес.

Македонските навиваччи, но и холандските со громогласен аплауз го испратија Пандев надвор од игра, а тука беше и македонскиот премиер Зоран Заев кој аплаудираше иго испрати Пандев .

 

Навивачите на Холандија, па дури и Весли Снајдер, со кого Пандев ја покори Европа со Интер во 2010 години со овации го поздравија.

На достоинствен начин го испратија „Ел Гранде“ и неговите соиграчи.

 

21.06.2021 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега