Close Menu
Press24
    Најново

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Доктор Дарко петти ден штрајкува со глад – „Кога еден ден ќе погледнам наназад ќе бидам спокоен”

    ФОТО: Доктор Дарко петти ден штрајкува со глад – „Кога еден ден ќе погледнам наназад ќе бидам спокоен”

    05.10.2026 во 10:373 Mins Read
    Дарко Василевски, приватна архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски денеска петти ден штрајкува со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, откако изминатиот период не добил никаков одговор од надлежните институции на неговите прашања и реакции.

    -Ден 5, шаторски поздрав!, напиша Дарко денеска на Фејсбук објавувајќи фотографија.

    Претходно, објави и пост на социјалната мрежа Фејсбук:

    -Денес навршуваат 3 дена од почетокот на мојот протест со гладување. Три дена во кои свесно избрав да застанам и јавно да го изразам своето незадоволство, затоа што почувствував дека молчењето би било спротивно на сè во што верувам. Не желба за конфликт, ниту лична пресметка со кого било, туку долгогодишен труд, посветеност кон медицината, вложено знаење и верба дека на крајот човек треба да биде вреднуван според својата работа, стручност, професионалност и резултати.

    Верувам дека секој граѓанин има право да постави прашање кога смета дека нешто не е направено на начин кој обезбедува еднакви услови за сите. Овој протест за мене не е само прашање на едно работно место или на една одлука, туку е прашање на принцип.

    Во овие 3 дена добив огромна поддршка од луѓе кои можеби не можат да ја променат ситуацијата, но покажаа дека ја разбираат суштината на мојата борба. За секоја порака, секој повик, секој збор на охрабрување – искрено ви благодарам. На оние на кои не сум успеал да им одговорам на пораките, искрено извинете, навистина има многу.

    Особено ми значи што дел од луѓето препознаа дека ова не е само моја лична приказна. Можеби токму затоа оваа борба добива пошироко значење, бидејќи секој од нас, во одреден момент од животот, може да се најде во ситуација кога ќе мора да одлучи дали ќе премолчи или ќе застане зад она во кое верува.

    Не знам каков ќе биде исходот. Но знам дека сакам, кога еден ден ќе погледнам наназад, да бидам спокоен дека направив сè што можев за да го одбранам својот став без да погазам ничие достоинство и без да се откажам од сопственото.

    За тоа време, од другата страна: институциите се сè уште (не)надлежни; Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти (која во својот опис има напишано дека нејзина цел е да ги обединува лекарите) се сврте против мене и изнесе мои лични податоци кои не се поврзани со овој протест; колегите со кои во изминативе десетина години сум соработувал на различни начини и проекти, кои ја знаат целата моја борба и ме поддржувале во истата сега се во “зимски сон”.

    Ви благодарам на сите што сте со мене, напиша тој.

    Тој на местото на протестот постави клупа, а најави и поставување шатор со намера да престојува таму 24 часа дневно.

    Протестот е револт поради спорот околу последниот оглас за вработување двајца доктори по медицина на неопределено време во Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија. Тој претходно сведочеше за наводни дискриминаторски забелешки за возраста од членови на комисијата уште во 2022 година.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.