ФОТО: Царовска го однесе својот син на училиште - „Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата“

Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година.

Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња – еден дел ќе бидат во клупите, а поголеми дел ќе учат онлајн од дома.

Учениците до трето одделение, освен оние чии родители не се согласиле, наставата ќе ја следат со физичко присуство.

Министерката за образование Мила Царовска и нејзиниот сопруг заедно го однесоа својот син третооделенец на училиште.

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце”- му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение. 

Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно“, напиша Царовска во опис на фотографиите на нејзината Фејсбук страна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа