Популарниот рокер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, ги преплаши своите обожаватели по објавувањето на фотографија на која лежи во болнички кревет, поврзан на апарати. Пораката која ја придружуваше сликата гласеше: „Сериозно отруен… борба за живот! Итно хоспитализиран!“.
Сепак, вистината е сосема поинаква и помалку бизарна. Рокерот всушност се пофали со својата нова улога во серијата „Наследство“ на телевизија Пинк. Иако брзо објасни дека станува збор за филмски сет, неговите следбеници не го криеја револтот во коментарите, сметајќи дека ваквиот начин на промоција е невкусна шега со здравјето.


