Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ферати ги обединува институциите, клубовите и навивачите за поголема безбедност во спортот
    • СДСМ: Мицкоски намерно не изолира
    • Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк
    • Нови евро-банкноти доаѓаат: Проверете како ќе изгледаат и дали ќе треба да ги менувате старите пари
    • Драма во регионот: Направил сообраќајка па избегал, полицијата го пронајде со палка во раце
    • Ужас во соседството: 46-годишник силувал 12-годишно девојче
    • На сред лет пукна стаклото во пилотската кабина, авионот итно се вратил на аеродромот во Хјустон
    • Гаши во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: „Да не му галамат децата под прозор“ – Детско игралиште во Кисела Вода полеано со уље

    ФОТО: „Да не му галамат децата под прозор“ – Детско игралиште во Кисела Вода полеано со уље

    10.07.2026 во 10:232 Mins Read
    ФБ Група „Кисела Вода-Пријави Проблем"
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Несекојдневен инцидент ги изреволтира жителите на скопската населба Кисела Вода. Во групата на Фејсбук насловена „Кисела Вода-Пријави проблем”, беа објавени фотографии од детско игралиште во населбата, полеано со уље.

    -„Вака јавно да го прашам тој што детските реквизити ги истури со уље во паркчето каде што дечињата од најмали до најголеми се радуваат ,дали сега помирно ќе спиеш, дали совеста ќе те копка?

    Не бе другари, не е до државата, не е до општината до нас е. И после зошто младите не раѓале, зошто си заминувале од државата. Од вакви покондурени како тебе !!!!!

    Лизгалкиве се наоѓаат на ул. Ѓорги Сугаре веднаш до зградата на дабар. Се надевам дека некој ќе превземе нешто и ќе ги врати во првобитна состојба”, стои во објавата на жителка на Кисела Вода.

    Постот и фотографиите предизвикаа лавина од реакции на социјалната мрежа Фејсбук.

    „99% сум сигурен дека ова е дело на постар намќор комшија, на кого му сметаат децата што играат, што му галамат под прозор”, стои во еден од коментарите.

    „Потоа децата биле хулигани и демолирале. Еве доказ од кого учат. Секоја девијантна појава потекнува од дома”, стои во друг коментар на постот.

    „Во парк во Битола имаше измет од човек на лулашка”, стои во коментар.

    „Сега треба да се исчисти и се повеќе деца да играат, да разбере дека нема да ги тргне децата од таму”, стои во уште еден коментар.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Делови од Општина Центар утре ќе останат без вода

    28.09.2026 во 15:42

    Утре повеќе скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот

    28.09.2026 во 13:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.