Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Младата Јована ќе биде погребана денеска – Била со сестра си во Острог, па замина во смрт

    ФОТО: Младата Јована ќе биде погребана денеска – Била со сестра си во Острог, па замина во смрт

    16.07.2026 во 08:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчерашниот ден, 15 јули, беше прогласен за ден на жалост во Ниш, по страшната несреќа кога минибус со срспки туристи, на 12 јули излета и се преврте на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора.

    Девојката која загина во тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора, во која 16 лица беа повредени, е 21-годишната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште. Нејзиното тело вчера беше донесено во Ниш, а ќе биде погребана денеска.

    Веста за нејзината смрт длабоко ги потресе жителите на ова нишко село.

    – Јована заврши средно училиште „12 февруари“ во Ниш. Потоа се вработи во една обложувалница во градот. Беше во долга врска, а најавуваа и свршувачка. На море замина со помладата сестра. Требаше сега да се вратат дома, но ги снајде трагична судбина – раскажал еден жител на Вртиште.

    Соселаните велат дека особено ги погодиле околностите под кои се случила трагедијата.

    – Каква е тоа правда? Веројатно се помолила, запалила свеќа, не знаејќи што ја чека. Судбина ли е, којзнае. Се зборува дека возачот бил уморен. Можеби и работодавачот го натерал да вози во таква состојба, не треба однапред никого да осудуваме. Жалосно е што Јована го плати тоа со својот живот – изјавил сосед на загинатата девојка.

    Според податоците на српските медиуми, Јована седела до прозорецот на минубусот, и излетала од стаклото за време на несреќата.

    Приватна Архива, Јована Станковиќ

    Според првичните информации од истрагата, постои сомнеж дека возачот поради замор и поспаност изгубил контрола над возилото.

    Од црногорската полиција информираат дека со минибусот управувал 68-годишен маж од Котор. Возилото најпрво удрило во карпа покрај патот, по што се превртело.

    Меѓу повредените има и шест деца. Едно од нив поради сериозноста на повредите било итно транспортирано во Клиничкиот центар во Подгорица, додека останатите се под медицински надзор.

    Несреќата се случила околу 13:10 часот, додека групата српски државјани се враќала од поклоничко патување во манастирот Острог.

    На местото на несреќата бил извршен увид под раководство на обвинител од Основното државно обвинителство во Котор. Истрагата продолжува со цел да се утврдат сите околности што довеле до трагедијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.