Close Menu
Press24
    Најново

    Внимание возачи: Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради две спортски трки

    04.04.2026 во 15:59

    Насилство во установа во Центар: Скопјанка пријави физички напад од колега

    04.04.2026 во 15:57

    Хаос на Ќафасан: Албанците чекаат над два часа за поевтино гориво и храна во Македонија

    04.04.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Внимание возачи: Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради две спортски трки
    • Насилство во установа во Центар: Скопјанка пријави физички напад од колега
    • Хаос на Ќафасан: Албанците чекаат над два часа за поевтино гориво и храна во Македонија
    • Николоски предупредува: Без нови ДУП-ови, квадрат во Скопје ќе надмине 5.000 евра
    • Жена загина во пожар во Шуто Оризари
    • 30 дена притвор за 68-годишен струмичанец: Фатен со 50 грама кокаин во своето возило
    • Само еден лек недостига на Онкологија: ФЗО најавува брзо решавање на проблемот и повеќе пари за терапии
    • За 24 часа уапсени 15 возачи за безобѕирно возење низ државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна

    Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна

    08.10.2025 во 12:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, при што само во последните две недели борбени авиони МиГ го нарушија воздушниот простор на Естонија, а дронови прелетаа над критични локации во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија, изјави претпладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за време на дебатата посветена на одговорот на ЕУ на неодамнешните руски нарушувања на воздушниот простор и загрозувањето на критичната инфраструктура на земјите членки на блокот. 

    „Да не се залажуваме. Ова е дел од загрижувачкиот модел на растечки закани. Низ целата наша Унија се сечат подводните кабли, се парализираат аеродромите и логистичките центри со кибер напади, а изборите се цел на кампањи со злонамерно влијание“, истакна Фон дер Лајен. 

    Според неа, овие инциденти не претставуваат случајно вознемирување, туку се испланирани во рамки на „кохерентната и ескалирачка кампања“ за вознемирување на европските граѓани, за тестирање на решителноста на Европа, за поделба на Унијата и ослабување на нејзината поддршка за Украина. 

    „Време е да ја наречеме со вистинско име. Тоа е хибридна војна и мора да ја сфатиме многу сериозно“, потенцира Фон де Лајен, додавајќи дека Европа мора да одговори на тоа и да го заштити секој квадратен сантиметар од својата територија. 

    Претседателката на ЕК обвини дека Русија сака да посее поделба меѓу земјите членки на ЕУ, па затоа, според неа, тие мора да одговорат со единство и акција на солидарност. 

    „Но, не само што мора да реагираме, туку мора и да одвратиме, бидејќи ако се двоумиме да дејствуваме, сивата зона само ќе се прошири“, додаде Фон дер Лајен. 

    Таа нагласи дека основна мисија на ЕУ е да го зачува мирот, па за таа цел денес е потребно да има капацитети да ја одврати агресијата и да одговори на провокациите и мора да биде способна да реагира во реално време. 

    Во обраќањето Фон дер Лајен се осврна и на плановите на ЕУ за зголемување на трошоците за одбрана, на плановите „Подготвеност 2030“ и „Зачувување на мирот – Патоказ за подготвеност 2030“, како и на иницијативите „Чувар на источното крило“ и „Ѕид од дронови“, кој, како што рече, ќе претставува штит од беспилотни летала не само за земјите долж источните граници на ЕУ, туку и за целата Унија, вклучително и за јужното крило. 

    Сепак, според неа, за заштитата на европските граѓани, небо и инфраструктура потребно е зајакнување и на другите клучни безбедносни капацитети, почнувајќи од противвоздушната одбрана, па се до спротивставувањето на кибер и електронските напади, како и ефикасно зголемување на производството во одбраната индустрија. 

    „Ништо од ова не е можно без силна европска одбранбена индустрија. Треба да можеме да се потпреме на нашата сопствена индустриска база, особено во критични времиња“, рече Фон дер Лајен. 

    Таа додаде дека за справување со руската хибридна војна не е доволна само традиционалната одбрана, туку се потребни софтвери за дронови, тимови за брз кибер одговор, како и информативни кампањи за подигнување на свеста во јавноста. 

    „Ова бара сосема нов начин на размислување. Мора да бидеме подготвени да ја напуштиме нашата зона на комфор и треба да истражиме нови начини на работа. Но, најважно од се, мора да ги одвратиме сите оние што сакаат да им наштетат на нашата територија и на нашите луѓе. Изборот пред нас е едноставен. Можеме или да се воздржиме и да гледаме како руските закани ескалираат или да им се спротивставиме со единство, одвраќање и решителност. Знам која страна ќе ја избереме“, заклучи Фон дер Лајен во обраќањето.

    Популарно

    Внимание возачи: Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради две спортски трки

    04.04.2026 во 15:59

    Насилство во установа во Центар: Скопјанка пријави физички напад од колега

    04.04.2026 во 15:57

    Хаос на Ќафасан: Албанците чекаат над два часа за поевтино гориво и храна во Македонија

    04.04.2026 во 15:38

    Николоски предупредува: Без нови ДУП-ови, квадрат во Скопје ќе надмине 5.000 евра

    04.04.2026 во 15:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.