Финскиот претседател ја брани одлуката за влез во НАТО одвоено од Шведска
Финскиот претседател Саули Ниинисто ја бранеше одлуката за неговата земја да влезе во НАТО одвоено од соседна Шведска, тврдејќи дека одбивањето на Турција да ја ратификува кандидатурата на Финска ќе биде проблематично,објави денеска германската агенција ДПА.
„Дали требаше да ја одбиеме турската ратификација? Тоа звучи малку лудо“, рече Ниинисто во интервјуто за шведскиот јавен радиодифузен сервис СВТ, кое беше целосно емитувано во саботата вечерта.
„Да и кажевме ‘не’ на Анкара, тоа ќе беше многу проблематична ситуација“, додаде тој.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот најави дека неговата влада ќе го започне процесот на ратификација за Финска, но не и за Шведска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа