Вчера во 14:10 часот во СВР Велес, 60-годишен велешанец пријави дека бил измамен за сума од 12.400 денари од едно лице кое го запознал во декември 2025 година во Велес и кој се претставил како полициски инспектор во Скопје.
Според пријавеното, лицето побарало од него на договорено место во Велес да преземе пакет со брендирана облека од друго лице, за кое кажал дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот да даде 200 евра, кои подоцна ќе му ги врати.
Како што е пријавено, на местото наместо со лицето од Неготино, тој се сретнал со лицето од Скопје, кој го довел во заблуда, му го дал пакетот и му ги земал парите. Исто така, според пријавеното, лицето во два наврати го измамило и неговиот син, а од пред извесен период ја прекинало комуникацијата со нив, по што сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Филмска измама во Велес: Се претставил како „скопски инспектор“ и му зел илјадници денари за лажна брендирана облека
- Тројца пешаци прегазени во еден ден – тешко повреден маж и две жени
- Ѓорѓиевси со сопругата донираа сензорна соба во градинката „8 Март“ за подобар развој на дечињата со аутизам
- Савески за оставката на Ристоска дознал преку СМС порака: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката не беше персонална, туку е од организациска природа
- Жерновски: Кој лаже, тој краде – Мицкоски свесно ја изолира Македонија за да ги полни џебовите
- Историски ден за Македонија: Мицкоски го постави камен-темелникот на „енергетскиот мост“ со Албанија
- Извршен поврат на солидарен данок: Близу 20 милиони евра „легнаа“ на сметките на 119 компании
- Одлична можност за младите македонски граѓани: Oбјавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

