Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филков: Со новиот Закон за пробација воспоставуваме праведен систем и поголема заштита на жртвите

    Филков: Со новиот Закон за пробација воспоставуваме праведен систем и поголема заштита на жртвите

    12.05.2026 во 14:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната јавна расправа за Предлог-законот за пробација, министерот за правда Игор Филков  истакна дека новото законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување на санкциите и примена на пробациските мерки.

    Со законот се зајакнува улогата на пробациската служба и се унапредува организациската поставеност на системот за извршување на санкции.

    „Со ова законско решение воспоставуваме јасен и модерен пробациски систем кој носи три клучни резултати: поефикасно извршување на мерките во заедницата, посилна ресоцијализација на лицата опфатени со санкции и повисоко ниво на заштита на жртвите“, рече министерот Филков.

    Управата за извршување на санкциите добива проширена координациска и надзорна улога, додека Секторот за пробација се позиционира како централен носител на стручните процеси. Воедно, се воспоставува единствен електронски регистар за лицата опфатени со пробациски мерки, што ќе овозможи континуирано следење и подобра институционална координација.

    Законот воведува проценка на ризик во текот на кривичната постапка, по барање на суд или јавен обвинител, со што се зајакнува стручната основа за носење одлуки и се унапредува примената на алтернативни мерки.

    „Во новата правна рамка се вградуваат високи стандарди за човекови права, преку заштита од тортура и нечовечко постапување, недискриминација, заштита на личните податоци и доследна примена на презумпцијата на невиност“, нагласи министерот.

    Во рамки на законот се воведува и родово сензитивна терминологија, како и проширени основи за еднаков третман, со што дополнително се зајакнуваат принципите на еднаквост и правичност.

    Посебен акцент е ставен на индивидуалната програма за третман, која ќе претставува основа за персонализиран пристап кон секое лице опфатено со пробациски мерки, со јасно дефинирани цели, активности и времетраење на надзорот.

    Новите законски решенија предвидуваат и унапредување на работата на пробациските службеници преку подобри алатки за теренска работа и електронско следење, како и засилена координација со Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции.

    Со законот, мерката куќен затвор добива појасна структура преку примена на електронски надзор и јасно дефинирани процедури за постапување во различни ситуации, вклучително и итни медицински случаи.

    Во делот на условниот отпуст, се воспоставува заеднички систем за проценка меѓу казнено-поправните установи и пробациската служба, со цел подобра поврзаност меѓу институционалниот третман и ресоцијализацијата во заедницата.

    За првпат, законот содржи и посебна глава посветена на жртвите на кривични дела, со конкретни обврски за пробациските служби во насока на нивна заштита, спречување на повторна виктимизација и навремено информирање, особено во случаи на семејно и родово базирано насилство.

    „Системот станува поорганизиран, поодговорен и подобро поврзан меѓу институциите. Се поставуваат јасни правила, прецизни надлежности и мерливи процедури за постапување. Резултатот е поголема безбедност за граѓаните, помал ризик од повторување на кривични дела и поефикасна правда што делува во заедницата“, порача министерот за правда Игор Филков.

    Предлог-законот за пробација е дел од реформските процеси насочени кон модернизација на системот на извршување санкции и усогласување со современите европски стандарди.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.