Close Menu
Press24
    Најново

    Топлотниот бран во Германија поврзан со повеќе од 5.000 смртни случаи

    09.07.2026 во 17:34

    Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway

    09.07.2026 во 17:16

    Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

    09.07.2026 во 17:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Топлотниот бран во Германија поврзан со повеќе од 5.000 смртни случаи
    • Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway
    • Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората
    • Уапсени 7 лица – полицијата ги фати со марихуана
    • На семејна веселба пукал со пиштол: Полицаец под лупа на Внатрешна контрола
    • Албанска полиција: На едно лице не му беше дозволен влез поради законски пречки, другите сами одлучија да не го продолжат патувањето
    • ЕК предлага ЕУ да може да воведува санкции за организиран криминал 
    • Трагедија кај Робово: Жена загина во сообраќајка откако се судрила со камион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

    Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

    29.04.2026 во 13:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поради отсуството на СДСМ, беше одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните.

    Министерот за правда, Игор Филков информираше дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На маса биле и предлозите на институциите кои се вклучени во изборниот процес а со кои во изминатиов период како Министерство за правда имавме конструктивни средби: Државната изборна комисија, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за администрација и независните граѓански иницијативи.

    ,,Но, она што денес изостана е токму она што е најпотребно – политичка зрелост.

    Не може да зборуваме за фер и демократски избори, а истовремено да не учествуваме во процесот кој треба да ги обезбеди тие стандарди. Демократијата подразбира дијалог, компромис и заедничка одговорност.

    Денеска имавме  можност да го видиме вистинското лице на за жал, изгубената политичка партија која што со низа погрешни потези водени од тесногради партиски интереси свесно ја блокира реформската агенда и го кочи европскиот напредок на државата.

    СДСМ избраа да не бидат дел од процесот во момент кога се носат суштински одлуки. Ова е доказ, дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно “, изјави министерот за правда Игор Филков.

    Филков посочи дека  ова не е прв пат, СДСМ  вака да се однесува.

    ,, Во Собранието го блокираа и клучниот реформски Закон за Јавното обвинителство, иако дел од нивните амандмани беа прифатени.

    Со ваквите нивни, би рекол крајно срамни и неодговорни политики, реформите се држат во заложништво на тесно партиските интереси, а европската иднина на нашите граѓани во неизвесност.

    Со досегашното неодговорно однесување на СДСМ и неучеството во работната  група за реформи во изборното законодавство директно се загрозени 4 милиони, 281 илјада , 623 евра. А, со блокадата на Законот за јавното обвинителство во Собранието,  дополнително, 6 милиони, 422 илјади,623 евра. Пари кои што и те како, може да го олеснат реформскиот процес и да ги подобрат состојбите во правосудството за секој наш граѓанин”,рече Филков.

    Тој порача дека Владата продолжува посветено да работи на реформите во државата се до крајната цел – обезбедување стабилност, просперитет и владеење на правото

    Прочитај повеќе

    Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

    09.07.2026 во 17:05

    Уапсени 7 лица – полицијата ги фати со марихуана

    09.07.2026 во 17:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.