Филипче: Вaкцинацијата ќе биде безбедна, граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации

Министерот за здравство, Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓните дека вакцините за коронавирусот се безбедени, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата. Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира  60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет. 

"Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите" истакна Филипче.

Тој вели дека се шират голем број на дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2020 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа