Филипче: Таман договоривме да почнеме преговори - Вие не заглавивте
Премиере Мицковски, како и што се очекуваше, потврдивте дека немате план за патот кон ЕУ, па затоа и не одговоривте на ова прашање, ниту пак кажавте дека воопшто имате некаков план, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес во Собранието, на седницата за пратенички прашања.
-Повторно кажувате дека нешто разговарате и дека нешто се случува во Брисел или Вашингтон, но не кажувате што е тоа, ниту пак дали имаме некаква временска рамка. Од ’91 година до сега, ниту една Влада во Македонија, немало, а да нè работи за Европа. Напротив, секоја влада во рамките на својот капаците и можности, го правела тоа и сега првпат, кога Европа е на дофат, Мицковски и ДПМНЕ го запираат патот, којшто генерации наназад го чекаа и очекуваа, рече Филипче.
Тој потенцираше дека Владата на ДПМНЕ го запираат патот кон ЕУ и побара од Мицковски да биде искрен и да признае дека тој лично нема верба во Европа и европските вредности, а ниту план како да ја внесе државата во ЕУ.
- Мицковски нема никакво право да го запира патот кон ЕУ. Тој и владата го заглавија возот буквално во снег, и ако наместо по патот на ЕУ тргнат по друг пат, возот ќе отиде во провалија“, рече Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа