Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче со реакција на навредливата реторика на Мицкоски: „Тоа е фрустрација“

    Филипче со реакција на навредливата реторика на Мицкоски: „Тоа е фрустрација“

    19.11.2025 во 14:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција реагираше на изјавите во вчерашното интервју на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека е згрозен, но не и изненаден од, како што рече, навредливата и недолична реторика на премиерот, кој повеќе од десет пати ја обвини СДСМ дека води „некрофилска политика“.

    „Ова не е ново, го говори подолг временски период. И таа реторика на навреди покажува само една работа, тоа е фрустрација од неуспешните обиди да вистината или некои блиски луѓе на ВМРО-ДПМНЕ се заштитат од истрагата”, рече д-р  Филипче.

    Тој истакна дека таквото однесување е обид да се изманипулира дел од истрагата и одговорноста да се стави „под маса“, што, според Филипче, создава дополнителна сомнеж и недоверба.

    „Сметам дека тоа е страв од демократските алатки за докажување на вистината во овој страшен случај, оваа навистина голема трагедија. И затоа побаравме и анкетна комисија, и надзорна комисија на расправа во Собранието. Во текот на вчерашниот ден во Собранието го доставивме и формално тоа барање, што значи дека ке ги искористиме сите демократски механизми да се истражи секој детал од ова трагедија. И затоа порачувам и на родителите, и на целокупната јавност се што правиме од почетокот до непосредно после трагедијата е барање за поддршка на семејството и откривање на вистината за овој случај“, додаде претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.