Close Menu
Press24
    Најново

    Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа

    10.06.2026 во 10:53

    Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра

    10.06.2026 во 10:52

    ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената

    10.06.2026 во 10:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
    • Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
    • Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
    • Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: СДСМ воведе праведен модел и ги зголеми субвенциите, сега земјоделците се понижени

    Филипче: СДСМ воведе праведен модел и ги зголеми субвенциите, сега земјоделците се понижени

    08.10.2025 во 20:203 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипле на граѓанската трибина во Кривогаштани истакна дека СДСМ секогаш стоела на страната на граѓаните, додека денешната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги остава сами со проблемите и ветувањата што не им ги исполнуваат, нагласувајќи дека социјалдемократите никој не оставија сам да се справува со најтешките светски кризи и дека граѓаните секогаш им биле приоритет. 

    „Секогаш сме биле и сме со граѓаните и кога било најтешко, во најголемите кризи, граѓаните беа наш приоритет. Тогаш не сме барале изговори – туку сме преземале одговорност. Со план и волја покажавме како се стои зад секој еден граѓанин кој се бореше да преживее, да зачува работно место, да го одржи својот бизнис. Никој не оставивме сам. Со СДСМ платите растеа, пензиите растеа, се создаде систем за помош, не за понижување”, истакна д-р Филипче.

    Тој потсети дека СДСМ воведе нов, праведен модел на субвенционирање, со кој земјоделците добиваа повеќе и навремено, за разлика од сегашната власт која ги остава нивните производи да скапуваат по нивите.

    „Донесовме план и стратегија како да го заштитиме домашното производство и да ги поддржиме нашите земјоделци. Воведовме нов, праведен модел на субвенционирање, со кој земјоделците добиваат повеќе. Обезбедивме 3,7 милијарди денари финансиска поддршка во земјоделството само за една година, а за руралниот развој — уште 1,3 милијарди денари. Ја зголемивме субвенцијата за зелена нафта двојно — од 50 на 100 проценти. Обезбедивме авансна исплата од 30% на директните плаќања, за земјоделците парите да ги добиваат навреме”, рече д-р Филипче.

    Лидерот на СДСМ додаде дека вложувањето во младите земјоделци било еден од најуспешните проекти на СДСМ, со јасна визија да останат дома и да придонесуваат во земјоделскиот сектор. 

    „Вложувавме и во младите земјоделци — таму каде што сега другите гледаат проблем, ние гледавме и гледаме иднина. Во само две години поддржавме 531 млад земјоделец со над 377 милиони денари. Ние ја двојно зголемивме поддршката — од 10 на 20 илјади евра по млад земјоделец, за тие млади луѓе да останат овде, во Македонија, и да ја градат својата иднина на сопствената земја”, потенцираше д-р Филипче.

    Филипче истакна дека СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”, туку секогаш стои зад своите политики и граѓаните.

    „Ние од СДСМ не работиме по принципот на ВМРО-ДПМНЕ, вети – заборави. Тие земаат од народот наместо да дадат и ги оставаат граѓаните сами со проблемите. Ние сме покажале дека работиме за граѓаните и за државата”, порача претседателот на СДСМ, д-р Филипче од граѓанската трибина во Кривогаштани.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ

    10.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.