Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    08.07.2026 во 20:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ е единствената партија која толку силно, отворено и континуирано се бори против криминалната власт на ВМРО, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија. 

    Филипче посочи дека СДСМ во овој период води силна политичка борба против, оваа ненародната и криминална власт, секојдневно разобличувајќи ги и погрешните политики, и криминалните тендери, и економскиот дебакл и оддалечувањето на државата од Европската Унија. 

    „Ја станав претседател на  партијата во една многу тешка ситуација, по катастрофален пораз, како што никогаш претходно немало во нејзината историја. И тоа не е лесен процес, обнова на општинските организации, обнова на раководството, на телата на партијата, силна борба со оваа корумпирана власт на Христијан Мицкоски,секојдневно разоткривање на лажните политики, разоткривање на нивните криминални тендери од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ“, рече Филипче.

    Тој нагласи дека наместо да се отвори широка јавна дебата за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, власта континуирано го дефокусира вниманието и јавноста од од суштинските прашања и проблеми.

    „Наместо сега овој период, ние да разговараме за овој дебакл на власта, за изолацијата од Европа, за проруските влијани овде кај нас, за дебакалот со буџетот, за немање пари за пензии, плати, социјални трансери, земјоделство, за ултра скапите кредити, вклучувајќи го и унгарскиот, повторно се зборува за СДСМ“, истакна Филипче. 

    Филипче порача дека СДСМ нема да отстапи од силното и принципиелно опозициско делување, затоа што, како што кажа, државата се соочува со најкорумпирана власт, која ја води земјата во економска несигурност, изолација и задолжување.

    „Нашето силно опозициско делување никогаш нема да се смени. Ова е најкорумпираната Влада што државава некогаш ќе има. Најкорумпираната влада во Европа, која ќе ја заглави државата, во кредити што ќе ги плаќат следните генерации, само за да владеат со националистичка, популистичка реторика и да ги плашат луѓето со тоа дека некој ќе ни го земи идентитетот и јазикот“, рече Филипче. 

    Тој додаде дека СДСМ ќе продолжи да се бори во интерес на граѓаните, за вистина, правда и враќање на државата на вистинскиот пат.

    „Срамота  е ова што се прави оваа Влада, ние, граѓаните ваква власт не заслужуваат. И граѓаните мора да се свесни, мора да се разбудат и да дадат поддршка, затоа што вистинските политики се само во нашиот Фронт за вистина и правда“, нагласи Филипче

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.