Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Росоман е пример како се работи – гласајте за Стојан

    Филипче: Росоман е пример како се работи – гласајте за Стојан

    09.10.2025 во 17:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Росоман е пример дека кога локалната власт работи со срце, резултатите се гледаат“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Росоман „Се бориме за нашиот дом“.

    Филипче нагласи дека градоначалникот Стојан Николов за овие години покажа што значи вистинско водење на општината во интерес на граѓаните:

    „Над 45 проекти се завршени комплетно, многу улици, плоштад, ново улично осветлување, детски игралишта, водоводи, канализации, покриен пазар, доградба на детската градинка, парк. Стојан Николов ја врати довербата во институцијата што треба да биде најблиску до човекот.“

    Тој порача дека Росоман е доказ дека со план, со програма и со луѓе што ја сакаат општината, може да се создаде средина во која се живее подобро.

    „Вашата поддршка за Стојан Николов е глас за да продолжи напредокот на Росоман, да не им го оставиме на оние кои ја гледаат општината како плен. Таа ваша поддршка не е само за еден човек, туку за идејата дека политиката може да биде чесна, фер и посветена на граѓаните“, истакна Филипче.

    Претседателот на СДСМ потенцираше  дека овие локални избори не се обични избори туку на нив се одлучува и како ќе продолжи Македонија понатаму.

    Борбата што ја води СДСМ е борба за Македонија, нашиот дом, но и секој човек, секој земјоделец, за секој работник, за младите.

    „Се бориме за земја што ќе го вреднува трудот. Се бориме за фер цена, за навремена исплата, за сигурен откуп. Се бориме за работниците, за минимална плата над 500 евра, за држава во која секој ќе може да живее достоинствено од она што го создава. Се бориме за младите да не се иселуваат, тука да ја гледаат својата иднина.“ рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ повика на масовна излезност на изборите на 19 октомври и побара поддршка за кандидатите на СДСМ и коалицијата.

    „Ве повикувам, заедно, обединети, сложни, на 19 октомври, сите да ја покажеме нашата сила. Да го заокружиме бројот 5, бројот на чесната политика, бројот на трудот и на вистинската грижа. Да покажеме дека Македонија може да биде дом на достоинството и почит.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.