Филипче разјасни: Жената не можела да се симне од тракторот, па медицинската сестра се качила за да ја вакцинира

Фотографијата на која медицинска сестра вакцинира повозрасно лице кое седи на трактор покрена дебата на социјалните мрежи, па сметам дека е добро јавноста да ја знае позадината на целата случка, напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалната мрежа Твитер.

– Станува збор за брачен пар кој живее во планинските колиби, место над село Ратево, Беровско. Местото е тешко пристапно, а лицата кои се вакцинираат на сликите воопшто не побарале асистенција или превоз од локалниот Здравствен дом во Берово.

Тие одлучиле самите да дојдат на вакцинација до пунктот и се појавиле на местото. На пунктот имало санитетско возило со фрижидер за теренска вакцинација и биле вакцинирани целосно безбедно, спротивно на тоа што сака да се прикаже во јавноста.

Повозрасната жена бидејќи не била во можност да се симне од тракторот, за да не се малтретира, медицинската сестра се качила на приколката за да ја вакцинира. Јас сметам дека тоа е гест за поздравување, а не за осуда, напиша Филипче.

14.07.2021 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега