Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Првиот чекор е јасен – уставни измени, имаме конкретен предлог од сите членки на ЕУ

    Филипче: Првиот чекор е јасен – уставни измени, имаме конкретен предлог од сите членки на ЕУ

    20.05.2026 во 15:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се осврна на закочениот европски пат на државата, преговарачката рамка и реформските процеси. 

    Тој во своето обраќање, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, нагласи дека не треба да се губи време, дека постојат јасни чекори на патот кон Европската Унија и дека тие веќе се дефинирани од страна на европските институции.

    „Па ние не сме земја во Африка којашто сакаме да влеземе во Европската Унија, па не викаат чекајте тоа е невозможно. Ние имаме конкретен предлог од сите земји членки на Европската Унија, се вика преговарачка рамка. Ја изгласале сите земји членки на Европската Унија, првиот чекор што треба да се направи е да се направат уставни измени. И да се случи следната меѓу владина конференција. Тоа е на масата. Зошто е тој скептицизам? Зошто е стравот? Напишавме предлог-резолуција да се обединиме околу националните интереси после гласањето на уставни измени нема преговори за која било и да е идентитетска одредница. Од што се плашиме, ако сите седиме заедно на масата за тие работи? Се знае кој е првиот чекор.“, потенцираше Филипче.

    Претседателот на СДСМ предупреди дека одложувањето на одлуките може да има сериозни последици по иднината на државата.

    „Уште ли ќе губиме време? Зошто да се остави на следните генерации? Тие во меѓувреме само ќе заминат од земјата и ништо друго. Ако навистина сакаме да се интегрираме во Европа и да ја сузбиеме корупцијата којашто е присутна на секое ниво, а сами не можеме. Патот е јасен.“, потенцираше Филипче.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.