Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ

    Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ

    05.12.2025 во 11:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја информираше јавноста дека партијата формира нов Антикорупциски тим, како дел од програмата „Нова сила“, со јасна цел системски да се разобличуваат коруптивните шеми и злоупотребите на актуелната власт.

    „Сакам да информирам јавноста дека веќе формиравме т.н антикорупциски тим во рамките на нашата програма „Нова сила“. Антикорупцискиот тим е еден од столбовите на оваа нова програма. Дозволете да го образложам, што тоа претставува. Тоа е професионален тим, советници, експерти во областа на правото, во областа на финансиите. “, изјави Филипче.

    Филипче посочи дека тимот во кој ќе има и млади активисти и истражувачи на СДСМ, ќе работат на откривање и документирање на корупциските скандали.

    „Што ќе работи овој антикорупциски тим? Токму тоа што го гледаме овие денови – ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентираат пред јавноста и ќе ги разоткриваат сите корупциски шеми на оваа криминална власт. Ќе поднесуваме и соодветни пријави до национални и меѓународни институции“, нагласи претседателот на СДСМ.

    Што ќе работи овој антикорупциски тим? Тоа што го гледаме овие денови. Ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентира до јавноста, ќе ги разоткрива сите корупциски шеми на оваа криминална власт, ќе поднесуваме соодветни пријави до национални и меѓународни институции. Така како што почнавме, така ќе продолжиме да откриваме и понатаму“, посочи Филипче.

    Претседателот на СДСМ Филипче подвлече дека мотивацијата и енергијата зад оваа иницијатива доаѓа токму од младите луѓе во партијата кои како што рече, се подготвени да градат вистински европски вредности.

    „Тоа е новата сила што ќе гради европски вредности во Европска Македонија“, порача тој.

    Како дополнителен механизам, претседателот Венко Филипче најави и нова платформа која наскоро ќе биде објавена.

    „Во скоро време ќе објавиме и платформа на која што било кој граѓанин од било каде во државата, од било кое село, град, општина, регион, ќе може да пријавува вакви скандали. Да прикачува документи, да пријави корупција, да достави докази и материјали“, истакна Филипче.

    Со ова, СДСМ ја отвора новата фаза на јавно и транспарентно разобличување на криминалот, со цел државата да се врати на вредности на правда, отчетност и европска перспектива.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.