Економска криза, меѓународна изолација и сценарио „мигранти за пари“ – ова е прогнозата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за иднината на државата под раководство на актуелната власт.

Во своето интервју за РСЕ, Филипче ја обвини Владата за опасни врски со режимите во Србија и Унгарија, па дури и со Русија, цитирајќи го извештајот на Европскиот парламент.

„Сведоци сме дека секојдневно се случува врската со Орбан преку кредитот од милијарда евра со сомнително потекло, за кој никој не знае каде се парите. Гледаме влез на сомнителен капитал преку АЛТА банка, која беше одбиена во ЕУ, како и релации на вицепремиерот Стоиљковиќ со луѓе блиски на Путин,“ рече Филипче.

Тој го критикуваше и економскиот менаџмент, посочувајќи на огромната буџетска дупка и игнорирањето на барањата на синдикатите, заклучувајќи дека државата се движи во погрешен правец и кон маргинализација од меѓународните институции.

Exit mobile version