Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Празните фрижидери се најдобриот демант за приказните за трета економија во Европа

    Филипче: Празните фрижидери се најдобриот демант за приказните за трета економија во Европа

    11.07.2026 во 12:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешаната прес конференција рече дека економската реалност во која живеат граѓаните е најсилниот демант на приказните на Мицкоски за трета економија во Европа.

    „Единствено нешто што прави премиерот е да раскажува приказни. И тоа е единствено нешто во што е добар, за жал граѓаните веќе не му веруваат. Тоа дека сме биле трета економија во Европа, тоа дека тука тече мед и млеко – граѓаните знаат дека тоа не е вистина, затоа што фрижидерите и паричниците едноставно им се сѐ попразни“ рече Филипче.

    Претседателот на СДДМ предупреди дека Владата на Мицкоски ја изолира земјата и тоа носи сиромаштија и економски проблеми.

    „Следуваат тешки есенски месеци, во кои не се знае колкава ќе биде цената на струјата, што ќе покрене дополнителен бран на поскапувања. Има пад на странските инвестиции, пад на индустриското производство, стагнација на платите – на просечната, на минималната плата, стагнација на платите во здравството, во образованието, стагнација на примањата во социјалните трансфери.”, рече Филипче.

    Филипче оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот нема да донесе подобар животен стандард за граѓаните.

    „Владата сака сето тоа да го маскира со тоа што предлага еден ребаланс, кој не е ништо друго туку бројки на хартија кои никако нема да можат да се остварат… нешто од што ниту граѓаните ќе видат некаков бенефит, а уште помалку државата во целост во контекст на остварувањето на стратешките цели” рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.