Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

    Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

    15.10.2025 во 22:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа вечерва во Маврово и Ростуше, нагласи дека денешната порака на Венецијанската комисија е јасна- потребни се итни реформи за независно судство.

    „Денеска стигна известувањето од Венецијанската комисија и јасно укажуваат дека се потребни реформи во правосудниот систем. Како никогаш до сега, пред неколку месеци, се обидов да ја променам политичката култура и бев на состанок кај премиерот. Една од работите за коишто разговарав беше заеднички да работиме на реформистката агенда, да ги донесеме сите реформски закони во правосудството, за да се придвижи тој сегмент напред, да се придвижиме кон Европа така како што сите очекуваат од нас, така како што нашите граѓани сакаат тука да видат“, рече Филипче.

    Во обраќањето пред присустните тој посочи дека и покрај сите обиди на СДСМ за реформи во судството, власта не прифати ниту една забелешка.   

    „И покрај тоа што формиравме наш експертски тим, нашите забелешки за реформските закони, никој не ги зема предвид. Одговор од Министерството за правда, до сега немаме. Ниту еден од 12 закони кои се дел од реформската агенда, не само што не се донесени во Собрание, тие до ден денес не се ни поднесени“, рече Филипче. 

    Затоа, како што кажа Филипче овој изборен циклус е важен и историски, циклус од кој зависи иднината на државата и на граѓаните. 

    „Овој изборен циклус ќе биде сериозен знак за оваа власт, ќе испратиме силна порака дека се некадарни, дека се незаинтересирани, дека немаат капацитет. И затоа, мораме масовно да излеземе на гласање во недела. Секој еден од нас, од нашите семејства, нашите пријатели, да го заокружиме бројот пет, тука во Маврово Ростуше, во целата држава. Не може една мала група на луѓе да ја држи во заложништво оваа држава, не може да се поигруваат со судбината на сите граѓани. Ова е прогресивна држава, прогресивен народ кој сака реформи, кој сака можности, кој сака напред во Европа“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.