Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Поради неспособноста на Мицкоски има три пати помалку странски инвестиции

    Филипче: Поради неспособноста на Мицкоски има три пати помалку странски инвестиции

    13.11.2025 во 14:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека со власта на Христијан Мицкоски државата доживува драматичен економски пад, што се гледа и во колапсот на странските инвестиции.

    „Откако премиерот заврши со сликање со нашите инвестиции со китење со туѓи перја сега дојде реалноста за неговата неспособност, имаме трипати помалку донесени странски инвестиции. Наместо стабилност, развој и економски раст, гледаме застој, пад и целосна незаинтересираност од страна на Владата “, рече Филипче.

    Тој потсети дека токму странските инвестиции беа мотор на економскиот развој во периодот кога СДСМ беше на власт, но денес тој мотор е целосно запрен.

    „Споредбено со годините на СДСМ кога во првите два квартали имаше 600 милиони евра странски инвестиции сега има само отколку 200 милиони евра. Значи на третина се сведени странските инвестиции во земјата“, потсети тој.

    Претседателот Филипче исто така рече дека заминувањето на странските инвестиции е резултат не само на економска неспособност, туку и на арогантното однесување на Владата кон домашните и странските инвеститори. Според него економските показатели се алармантни на сите нивоа.

    „Ако на ова се додадат сите останати економски други показатели, а тоа е дека ние сме со најмала минимална и просечна плата во регионот а платите немаат изгледи да растат, највисока инфлација во регионот 4,5%, најнизок проектиран економски раст од страна на светска банка од сите земји во кој патем е целосно изеден од инфлацијата тогаш е јасно дека оваа влада не носи во економски амбис,“ нагласи тој.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.