Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Паѓаат автократите, по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

    Филипче: Паѓаат автократите, по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

    14.04.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека историскиската победа на демократијата во Унгарија означуваат крај на автократските режими во регионот и почеток на нов период на демократија и одговорност.

    „Граѓаните на Унгарија јасно и гласно рекоа: ДОСТА Е од автократијата! Ова е голема, историска победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото над корупцијата,“ истакна Филипче.

    Тој потенцираше дека оваа победа има силна регионална порака.

    „Историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион: времето на автократите завршува. Паѓаат автократските режими. Следен е Александар Вучиќ, а со него и Христијан Мицкоски. Регионот припаѓа на Европа, а не на Русија. Доаѓа време на правда и одговорност.“ рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ нагласи дека падот на режимот на Виктор Орбан е директно поврзан со политичките и бизнис врски што ги градеше ВМРО – Организирана криминална група во Македонија.

    „Владата на Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан – не за државата, туку за свои лични и бизнис интереси. Телекомуникациите, енергетиката, медиумите – сè беше поврзано со кругот на Орбан,“ рече Филипче.

    Претседателот Филипче додаде дека со падот на Орбан ќе се отворат и прашањата за бизнис-релациите и додаде дека СДСМ ќе бара целосна истрага за сите бизнис комбинации.

    „Со падот на Орбановиот режим во Унгарија, наскоро може да дојде до целосно откривање на сите тајни бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски. Сега, кога Орбан падна, сите овие тајни договори и бизнис комбинации ќе излезат на светло. СДСМ ќе бара целосна истрага на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски. Доаѓа време за вистина, правда и одговорност.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.