Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Отидов кај Мицкоски за реформите и доброто на државата – но тој ме излизга

    Филипче: Отидов кај Мицкоски за реформите и доброто на државата – но тој ме излизга

    25.06.2026 во 22:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интрвјуто во емисијата „Вин-Вин“, на телевизија Телма, нагласи дека тој го направи првиот чекор за ставање на државниот интерес пред партиските разлики. Филипче потсети на периодот кога тој побара состанок со Мицкоски за реформите и доброто на државата, но  Мицкоски не покажа интерес и подготвеност,  и го злоупотреби обидот. 

    „Јас се обидов многу брутално и драматично да направам дисконтинуитет во таа култура на политичка демонизација која што овде трае, не е тоа од сега, туку со години. Јас отидов на состанок кај премиерот после пожарот во Кочани. Тогаш кога никако не му бев потребен, затоа што оваа власт сега има двотретинско мнозинство. Затоа што ние не можеме никако да ја блокираме работата во Собранието, со филибастеринг, така како што ВМРО го правеше тоа кога ние имавме многу тенко мнозинство, плус еден или двајца пратеници“, рече Филипче.


    Филипче посочи дека неговата цел за тој состанок беше да се забрзаат рефромските процеси а со тоа и напредокот на државата кон европскиот пат.


    „Зошто? За да ја надминам, да го прекинам тој дотогашен начин на непријателство и на такво функционирање. Зашто ако нешто кажеме дека треба да се направи, јас решив тоа да го направам почнувајќи од себе си. И што направи Мицкоски? Ништо. Ме излизга. Предложив дебатата да биде во Собранието. Предложив дебатата и соработката за доброто на државата да биде преку остварувањето на реформската агенда“, рече Филипче.


    Тој додаде дека и покрај понудената рака од опозицијата, власта не одговори ниту на законските предлози, ниту на сугестиите поврзани со реформските процеси и евроинтеграциите.


    „Што се случи? Ништо не направија. Не ни одговараат на нашите сугестии на законите кои што беа во Собранието. Сега сè уште се брка да се фати грејс периодот за продолжувањето од Европската Унија, да се стигне и до буџетите и да се оствари. Зошто Мицкоски не го препозна тоа? Така што, од таму потекнува тој континуитет, кој што немаат волја да го прекинат, на политичка демонизација, заради тоа што немаат одговор на ниту едно прашање. Ниту пак имаат желба и волја да ја водат државата како што треба. Што, впрочем, не се познава само по тоа, тоа е само еден сегмент“, порача Филипче.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.