Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26

    Камчев со отчет за првата година: Инвестиции во патна инфраструктура, водоснабдување и нови проекти во Валандово

    28.10.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре
    • Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас
    • Камчев со отчет за првата година: Инвестиции во патна инфраструктура, водоснабдување и нови проекти во Валандово
    • Кривична пријава за сопственик на фирма од Валандово за намерно предизвикување стечај
    • Николоски: Реализираме амбициозна агенда за инфраструктурен развој
    • Месечна временска прогноза: Вистинската зима доаѓа на крајот на ноември
    • Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра
    • Филипче: После Нова Година не знам од каде ќе најдат пари за плати и пензии
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: После Нова Година не знам од каде ќе најдат пари за плати и пензии

    Филипче: После Нова Година не знам од каде ќе најдат пари за плати и пензии

    28.10.2026 во 11:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во пресрет на почетокот на амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет, обвини дека состојбата со државните финансии е сериозно влошена.

    „Сè повеќе на виделина излегува дека Буџетот е во катастрофална состојба. Недостигаат речиси милијарда евра, односно 900 милиони евра“, изјави Филипче.

    Тој тврди дека дополнителен проблем е состојбата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, каде, според него, за исплата на пензиите недостига уште околу една милијарда евра.

    „Сериозно е загрозена стабилноста на Буџетот и сè повеќе се отвора прашањето од каде и од кои извори во следниот период ќе се исплаќаат и платите и пензиите“, рече лидерот на СДСМ.

    Филипче го критикуваше и фактот што пред крајот на годината се носи втор ребаланс, оценувајќи дека во овој период другите држави веќе ги подготвуваат буџетите за 2027 година.

    „Нема поголем доказ за лошо менаџирање со Буџетот, финансиите и економијата од овој втор ребаланс“, рече Филипче, додавајќи дека, според него, се остваруваат предупредувањата што СДСМ ги изнесувал уште при јулскиот ребаланс.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26

    Камчев со отчет за првата година: Инвестиции во патна инфраструктура, водоснабдување и нови проекти во Валандово

    28.10.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.