Close Menu
Press24
    Најново

    Пеколни температури рано наутро во Македонија – еве во кои градови веќе не се диши

    10.06.2026 во 11:50

    Двајца скопјани украле „Голф“, полицијата ги уапси на граница при влез во државата

    10.06.2026 во 11:37

    Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар

    10.06.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пеколни температури рано наутро во Македонија – еве во кои градови веќе не се диши
    • Двајца скопјани украле „Голф“, полицијата ги уапси на граница при влез во државата
    • Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар
    • Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот
    • Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион
    • Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од Штип: Секој глас за СДСМ е цигла во нашиот заеднички дом

    Филипче од Штип: Секој глас за СДСМ е цигла во нашиот заеднички дом

    30.09.2025 во 23:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Ова е момент на нов почеток. Ако се откажеме, ќе ја оставиме иднината во раце на оние што ја враќаат старата матрица: блиските добиваат, останатите не се важни“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанска трибина во Штип каде беше презентирана програмата на СДСМ и коалицијата „Се бориме за нашиот дом“.

    „Секој член, секој симпатизер, секој што верува во социјалдемократската идеја станете, вклучете се. Организирајте го маалото, разговарајте со соседот, помогнете на терен. Нема мал придонес. Секој повратен глас е цигла во нашиот заеднички дом. СДСМ на овие избори излегува со нова понуда и нова енергија: чесни и проверени луѓе, кандидати со професија и резултати, луѓе со интегритет што ќе работат за вас, не за партија. Луѓе што нема да ми одговараат мене, ќе одговараат пред вас граѓаните. Ова е суштинската разлика меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ, ние нудиме локална власт како сервис за граѓаните. Ќе нè гледате и ќе нè контролирате. Така се враќа довербата“, рече Филипче. 

    Филипче исто така рече дека кандидатот за градоначалник на Штип Павел Иванов и неговиот тим кандидати за советници имаат план со ској младите ќе сакаат останат дома, план со кој Штип ќе биде зелен град со брз локален, економски развој и инфраструктурен развој. Тој ги повика граѓаните на 19ти октомври да излезат и преземат одговорност и да не дозволат сегашната судбината да не биде иднината за младите во Штип.

    Прочитај повеќе

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.