Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче објави документ: Владата „под маса“ обезбедила 100 мегавати струја и пристап до Вардар за дата-центар

    Филипче објави документ: Владата „под маса“ обезбедила 100 мегавати струја и пристап до Вардар за дата-центар

    26.08.2026 во 14:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави документ од информации на компанија која тврди дека за дата-центар во земјава веќе има обезбедено капацитет од 100 мегавати електрична енергија, како и директен пристап до реката Вардар и ја обвини владата дека работи „под маса“.

    Филипче посочи дека документот е објавен пред три месеци и повика новинарите да го истражат и да утврдат како и под кои услови се обезбедени овие капацитети.

    „Уште еден доказ дека оваа власт прави сè под масата, како и за многу други работи. Ќе споделам со јавноста еден документ од една компанија, објавен пред три месеци, во којшто компанијата јасно и гласно наведува дека станува збор за дата-центар којшто треба да го развиваат кај нас, дека е обезбеден капацитет на струја од 100 мегавати, дека имаат директен пристап, до реката Вардар и високо ефикасниот капацитет на реката Вардар за ваквите центри, како и, повторно цитирам, ’целосно обезбедени, потврди дека со овој проект може да се продолжи од страна на Владата на Македонија‘, посочи Филипче.

    Филипче потенцираше дека станува збор за прашање од јавен интерес, бидејќи ваков проект би значел користење значајни енергетски и водни ресурси.

    „Ќе го споделам овој документ со новинарите, за да се истражи и да се потврди и граѓаните да знаат што се прави под масата, зад нивниот грб, а на нивна штета, трошејќи ги и ставајќи ги во ризик водните капацитети насекаде низ државата, капацитетите на струја, коишто и онака прескапо ги плаќаме поради тоа што оваа власт не знае тој систем да го менаџира“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.