Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
    • Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете
    • Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Не сме исти, ние сакаме повисок стандард, плати и пензии – Мицкоски сака нов авион

    Филипче: Не сме исти, ние сакаме повисок стандард, плати и пензии – Мицкоски сака нов авион

    21.08.2026 во 20:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Не сме исти, рразликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во односот кон државата и приоритетите – СДСМ сака политики за подобар животен стандард, плати и пензии, додека власта ја гледа државата како плен, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија.

    „Не сме исти со организираната криминална група на Христијан Мицкоски. Напротив, дијаметрално сме спротивни. Ние сакаме држава напредна во којашто секој ја гледа иднината, а не ја гледаме државата како што тие ја гледаат – како плен“, рече Филипче.

    СДСМ има подготвен тим, програма и програмска платформа, а во септември ќе го претстави Мастер планот за Македонија со конкретни решенија за најважните проблеми на граѓаните,

    „Имаме спремен тим, имаме спремна програма, имаме спремна програмска платформа и во текот на септември ќе го објавиме нашиот Мастер план за Македонија. Станува збор за план од пет-шест точки во коишто граѓаните ќе знаат, доколку ни дадат доверба, што ќе се случува во следниот период од две години. Сакаме да имплементираме политики за доброто на граѓаните, со стандард, плати, пензии, училишни, студентски додатоци, а не да купуваме нов авион како што сака Христијан Мицкоски“, потенцираше претседателот на СДСМ, Филипче.

    Тој направи споредба и со мерките што ги преземаше претходната влада во услови на ковид и енергетска криза, кога, како што рече, со две милијарди евра помош биле поддржани граѓаните и компаниите, зачувани десетици илјади работни места и субвенционирана електричната енергија за над 600.000 семејства.

    „Луѓе со социјални случаи, пензионери, млади луѓе добиваа пакети, мерки. Така се менаџира кризата. Што имаме сега? Која категорија на граѓани е заштитена? Ниту една. Во тоа време, во кризата, континуирано растеа платите. Минималната плата се зголеми три пати. Сега не сака да ја зголеми премиерот на 600 евра, а вика дека сме трета економија во Европа. Па, ја кажува ли вистината? Очигледно дека не ја кажува“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.