Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче на средба со земјоделците во Иванковци: Жетвата е на средина, а цената за откуп уште не се знае

    Филипче на средба со земјоделците во Иванковци: Жетвата е на средина, а цената за откуп уште не се знае

    19.06.2026 во 14:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен.

    Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично зголемени.

    Дополнителен проблем е што од Министерството за земјоделство, кое треба да ги следи производствените трошоци и да реагира доколку откупната цена на јачменот и пченица  е ниска, нема никаква реакција.

    Земјоделците на средбата посочија дека ниту откупната цена на јачменот, ниту на пченицата, не се јавно објавени. Жетвата на јачменот е веќе на средина, земјоделците го предаваат, а не знаат по која цена. На дел им се откупува по 9 денари за килограм,, што за нив значи директна загуба. Претседателот Филипче посочи дека со погубните политики на власта земјоделството пропаѓа.

    „Земјоделството пропаѓа. Ако државата не ја пресмета производната цена во соодветно време и да даде помош согласно зголемените трошоци, бидејќи ние не знаеме од сега дека порасна цената на ѓубривата, знаеме од кога почна војната на Блискиот Исток, ако немаме Влада која ќе помогне да се има реална цена, што ќе даде дополнителна субвенција, интервентна мерка, а влијае за да има непречен откуп, како што нема, тогаш вие земјоделците сте оставени сами на себе“, рече Филипче.

    На средбата Филипче посочи дека СДСМ има план за развој на земјоделството, според потребите на земјоделците, како и план кој го цени трудот на земјоделците.

    „Прво, соодветна производна цена по јавна и јасна методологија, за да се знае колку е трошокот. Ако остане неоткупен производ, државата да води грижа за тоа. Потоа окрупнување на земјиштето, намалување на земјоделска такса од 2%, средување на состојбата со каналите за наводнување, педолошки анализи на почва и друго и сето тоа да биде стратегија за развој на земјоделството, но да бидеме искрени, сето тоа се прави со помош од ЕУ“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.