Во своето воведно обраќање, Филипче порача дека Западен Балкан се наоѓа пред историска можност да го заврши процесот на европска интеграција, но и пред сериозен предизвик од силите кои работат против демократијата и европската иднина на регионот.
„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, истакна Филипче.
Тој предупреди дека национализмот, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат како заеднички фронт против реформите и европските вредности.
„Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе се здружуваат во своето спротивставување на реформите, демократијата и европската интеграција“, рече Филипче.
Криминалните мрежи и ретроградните политички структури имаат заеднички интерес да го блокираат напредокот на државите од регионот.
„Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, нагласи претседателот на СДСМ.
Филипче посочи дека токму затоа е потребна нова форма на регионално поврзување на прогресивните сили преку „Скопската иницијатива“.
„Повеќе од кога било, на нашиот регион му е потребна силна прогресивна коалиција – коалиција на социјалдемократски партии, прогресивни организации и поединци кои се подготвени да му се спротивстават на овој регрес“, порача тој.
Претседателот на СДСМ нагласи дека предизвиците со кои се соочуваат државите од Западен Балкан се заеднички и бараат заеднички одговор.
„Потребна ни е конкретна акција. Потребна ни е солидарност и меѓусебна поддршка. Потребни ни се заеднички стратегии, споделено знаење и координирани напори“, истакна Филипче.
Тој порача дека прогресивните сили мора да покажат единство и одлучност во спротивставувањето на ретроградните политики во регионот.
„За да ја победиме оваа ‘црна регионална коалиција’, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача Филипче.
На крајот од своето обраќање, тој нагласи дека нема друга алтернатива освен меѓусебна поддршка и заедничко дејствување за зачувување на европскиот пат, демократијата и социјалната правда во регионот.
- Филипче: На „црната коалиција“ на Балканот ќе ѝ се спротивставиме со прогресивно единство
- Ужас во Тетово: Малолетник со тротинет прегазил девојка, итно е префрлена во Скопје
- Хорор во соседството: Дивеење со над 150 км/ч однесе во смрт три лица, десетмина се повредени
- Ќе доцни исплатата на социјалната и детската заштита – министерството за социјална политика ги замолува граѓаните за разбирање и трпение
- Една македонска општина ќе доделува по 100 евра за секое запишано прваче
- Се запали камион на патот Струмица-Валандово, интервенираа две противпожарни возила и пет пожарникари
- Дневен хороскоп: Месечината во Риби носи силна интуиција, еден знак мора да се ослободи од тежок товар
- ВМРО-ДПМНЕ: На СДС му смета сè што е во корист на државата и меѓународниот дипломатски успех

