Close Menu
Press24
    Најново

    Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда

    08.07.2026 во 23:42

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда
    • 72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга
    • 19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож
    • Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие
    • Три лица приведени на фудбалски натпревaр
    • Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Мицкоски спинува за бојкотот на СДСМ, тој ќе биде запаметен како фуснота во историјата

    Филипче: Мицкоски спинува за бојкотот на СДСМ, тој ќе биде запаметен како фуснота во историјата

    27.04.2026 во 19:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за манипулација со јавноста и за владеење кое наликува на времето на Никола Груевски.

    При посетата на кочанското село Грдовци, одговарајќи на новинарски прашања, Филипче демантираше дека опозицијата планира да го напушти Собранието. Тој појасни дека тоа е „спин на премиерот“ за да прикаже дека СДСМ бега од работата во институциите. Според него, доколку власта шверцерски го донесе Законот за влада и ја укине техничката (Пржинска) влада, СДСМ ќе се повлече исклучиво од работната група за Изборниот законик.

    „Се работи за закон донесен со консензус, на негово лично барање во 2018 година, кога беше вратена Пржинската влада. Ние ќе излеземе и нема да учествуваме во работата за Изборниот закон, а не во работата на Собранието“, појасни Филипче.

    Тој ја елаборираше потребата од задржување на техничката влада поради, како што рече, целосната контрола што власта ја има воспоставено врз државниот апарат. Филипче го спореди Мицкоски со поранешниот премиер Никола Груевски, посочувајќи на контролата врз судството, полицијата и медиумите („орбановите медиуми“ и „судиите од тефтерчето“).

    На крајот од изјавата, лидерот на опозицијата даде остра оценка за актуелниот премиер.

    „Додека ја води оваа влада, колку и месеци понатаму да ја води, ќе биде запаметен по едно големо ништо. Ќе стои како фуснота во историјата на оваа земја – човек којшто ја водел владата и ништо не направил ниту за државата, ниту за граѓаните. Еве, го гледаме тоа по примерот на земјоделците“, заклучи Филипче.

    Прочитај повеќе

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.