Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање затоа посегнува по закани

    Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање затоа посегнува по закани

    25.06.2026 во 21:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Вин-Вин“, на телевизија Телма. Филипче посочи дека Мицкоски нема одговор на ниту едно од суштинските прашања поврзани со проблемите со кои се соочува државата и граќаните, и затоа, наместо решенија посегнува по закани и навреди.

    „Тоа му е само еден дел од фарсата, од циркусот кој што го прави затоа што нема одговор на вистинските прашања кои што му ги поставуваме секојдневно, кои што јас денеска му ги поставив на седницата за пратенички прашања. Мицкоски не одговори на ниту едно прашање. Му наредив бројки кои што тој после во неговиот одговор ги манипулираше. И кога нема одговор на тоа, зошто ништо не направи добро за државата, не го подобрува квалитетот на живот, ја блокираше земјата, тој посегнува по такви закани. Ама тоа се многу сериозни закани“, рече Филипче.

    Во интервјуто претседателот на СДСМ нагласи дека е недозволиво премиер на една  држава да комуницира со јавноста на начин што не доликува на демократски стандарди и политичка култура.

    „Има ли премиер во Европа кој што така се однесува како Мицкоски? Има ли премиер во развиена демократија кој што така си дозволува да се однесува? Прво, кон било кој човек. Не само кон претседател на друга партија или кон пратеник. На што личи тоа? И другиот негов речник – котиња, талог и така натаму“, рече  Филипче.

    Тој додаде дека ваквиот начин на комуникација не само што ги деградира политичките противници, туку ги омаловажува и граѓаните, а воедно претставува пресликување на авторитарни политички модели од регионот.

    „Кога јас сум користел таков речник? Никогаш. Што сака да каже Мицкоски? Зошто треба премиерот на нашата земја да го доживуваат и нашите луѓе, и во странство, дека така се однесува? Дека користи таков несоодветен речник? Зошто? Зашто ги омаловажува сите граѓани на оваа држава? И има голема вистина во релациите кои ги негуваат ВМРО и Мицкоски со Србија и до пред некое време со Унгарија, особено како ги практикуваат тие трикови кои потекнуваат од Орбан, а кои сѐ уште ги аплицира Вучиќ“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.