Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер го погоди северен Тибет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија доцни со спроведувањето на реформите од европската агенда, додека другите земји од регионот напредуваат и ги користат можностите што ги нуди Европската Унија, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител.

    „Владата се фали со некакви наводни достигнувања во реформската агенда, што е само една фарса, затоа што тоа е како некој да ве пофали кога сте ученик, а го повторувате одделението, обвини рече Филипче.

    Тој посочи дека голем дел од реформските закони се со задоцнување и дека тоа директно влијае врз европскиот напредок на државата.

    „Имаше десетина закони кои требаше да се донесат во јуни 2025 година, не се донесени ни во јуни 2026 година. Тоа е изгубено време, тоа се изгубени реформи и тоа се изгубени пари“, рече претседателот на СДСМ.

    Филипче посочи дека проблемот не е само во донесувањето закони, туку и во тоа што тие не носат суштински промени и често се усвојуваат само формално.

    „Да потсетам дека се носат закони само про-форма, наводно поради пораките на Европската Унија, па потоа Европската Унија ги враќа. Еврокомесарката за проширување на ЕУ,  Марта Кос многу добро знае дека оваа влада е антиевропска и многу добро знае дека Христијан Мицкоски е човекот што ја води државата во изолација и не дозволува да се направи чекор кон отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија“, потенцираше Филипче.

    Тој предупреди дека застојот на европскиот пат значи пропуштени економски можности за граѓаните, особено во период кога се подготвуваат нови европски финансиски механизми.

    „Што правиме сега кога се крои буџетот за следните 7 години за Европската Унија? Црна Гора веќе оди напред. Со кого ние се споредуваме дека носиме некакви закони, притоа сериозно доцниме, притоа граѓаните од тоа немаат апсолутно никаков бенефит, а регионот оди напред. Што ќе се случи во меѓувреме со државата, која, додека регионот оди напред, а ние стагнираме, практично одиме назад, не заостануваме? Тоа се случува во моментот“, потенцираше Филипче.

    Претседателот на СДСМ посочи дека разликата меѓу Македонија и земјите кои напредуваат се гледа и преку искористувањето на европските средства.

    „Гледаме дека во последниот седумгодишен буџет за Црна Гора се одвоени 3,2 милијарди евра грантови, за разлика од нашите 50 милиони евра со кои оваа власт се фали. Вистинскиот развој доаѓа од неповратните средства на Европската Унија. И така се смениле и се развиле сите земји. Тоа беше Грција, Бугарија, Хрватска. Милијарди евра искористија од Европа“, порача претседателот на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.