Филипче: Исклучително сум горд на сите здравствени работници

Министерот за здравство во заминување, Венко Филипче на фејзбук напиша дека е горд на сите здравствени работници кои неуморно се бореа против Ковид-19.

„Овие признанија се за вашето високо ниво на професионалност, сплотеност и колегијалност. Секој ден не ни беше борба само со корона, туку и организација на здравствениот систем, секојдневни контакти со колегите, консултации за пациенти, долги состаноци за координација, тешки одлуки и лични судбини кои секогаш допираат. Колеги, вие сте херои!

До претседателот на Владата, Зоран Заев упатувам благодарност на поддршката што ја даде на здравствениот систем и здравствените работници. Му благодарам што не кажа нѐ за барањето за која било инвестиција во здравството. Благодарен сум што успеавме со негова помош здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општество“, напиша Филипче на фејзбук.

29.12.2021 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега