Филипче: И со потврда за прележан Ковид-19 ќе може во кафуле

 

За влез на сите настани кои се организираат освен со сертификат за вакцинација со примена барем една доза, ќе биде доволно да се приложи и потврда од прележан ковид во рок од 45 дена, рече министерот за здравство Венко Филипче пред Општата Болница во Охрид.

-Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица, рече Филипче.

 Филипче, потврди дека и граѓаните кои прележале ковид, покрај тие што примиле најмалку една доза на вакцина, ќе може да влегуваат во затворени простории, одоносно да присуствуваат на настани на затворено.

Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

 

 

 

 

 

14.08.2021 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега