Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Буџетот нема капацитет да издржи криза

    Филипче: Буџетот нема капацитет да издржи криза

    03.12.2025 во 09:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „Директно“, на телевизија Телма, посочи дека централниот буџет, така како што е конструиран, не е социјален, нема развојна компонента и нема капацитет континуирано да го сервисира продлабочениот дефицит во Фондот за пензиско осигурување. Тоа, како што кажа Филипче, ја става во ризик исплатата на пензиите.

    „Се поставува прашањето, вака конструиран буџет којшто не е ниту социјален, ниту ги задоволува потребите на загрозените категории на граѓани, ниту пак може да пресретне криза, ниту е развоен, затоа што има многу мала сума на пари за капитални инвестиции, што ќе се случи ако има некаква криза и тие пари не можат да стигнат до пензионерите? Нема да има исплата на пензии. Тоа ќе се случи и тоа е тоа на што ние предупредуваме“, рече Филипче.

    Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ со линеарното зголемување на пензиите направи упад во Фондот за ПИОМ-буџетската дупка се зголеми, а пензионерите добија помало покачување од тоа што требаше да го добијат со методологијата.

    „Ова зголемување на пензиите е помало од тоа што требаше да биде ако ја задржеа методологијата за раст на пензиите, која што беше врзана со инфлацијата, со растот на трошоците за живот и со растот на просечната плата. Значи сега пензионерите наместо 1.000 денари ќе добиеја помеѓу 1.200-1.300 и 3.200-3.300 денари зголемување“, рече Филипче.

    Во интервјуто Филипче потсети дека владата на СДСМ во 2017 година го затекна Фондот за ПИОМ со дефицит од 50%, за во 2024 година, пред изборите, таа дупка да се намали на 30%.

    „Сега се зголеми повторно дефицитот. Дупката во Фондот за ПИОМ од 30%, до која што ја донесовме после напорна работа со Светска банка и со имплементација на методологија, со линеарното зголемување повторно достигна 50%. И сега, во буџетот за 2026 година, една милијарда евра односно 50% од вкупната маса за пари која што ќе треба да биде тука за да се исплатат пензиите треба да ја даде Буџетот на државата“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.